Децата од штипски градинки го одбележаа Денот на планетата земја
Со влечење јажиња и други спортски активности во спортскиот центар „Џексон“ - Штип, во одбележување на 22 април Ден на планетата земја, денеска се вклучија и дечињата од двете детски градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“.
Билјана Казанџиска раководител на Секторот за јавни дејности во Општина Штип вели дека само преку вакви активности децата ќе научат како да се грижат за средината во која живеат.
- Токму и за таа цел се организираат овие игри, потоа часови и предавања, едукативни вежби во сите детски градинки и во основните училишта, за децата уште од најмали нозе да знаат за екологијата, вели Казанџиска.
Во Општина Штип минатата недела во одбележување на Денот на планетата земја се вклучија и учениците од сите основни училишта во градот.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата