ОН: Деца војници во ДР Конго им ја пијат крвта на своите жртви
Деца војници во Демократска Република Конго им ја пијат крвта на своите жртви, верувајќи дека тоа ќе ги направи непобедливи, се наведува во извештај на ОН.
Вооружената група „Камуина Нсапу“, која постојано извршува напади во централниот реон Касаи, во своите борбени редови има момчиња и девојчиња, од кои повеќето се на возраст меѓу седум и 13 години, наведува Комисијата за човекови права на ОН.
Според извештајот, членовите на „Камуина Нсапу“ верувале дека магичниот ритуал, кој вклучува пиење на крвта на обезглавените жртви, ќе ги направи непобедливи. Повеќето жители биле убедени во магичните способности на децата, што предизвикувало страв.
Податоците на ОН покажуваат дека вооружената група егзекутирала најмалку 79 луѓе, а жртвите биле главно претставници на власта.
Во март или април била создадена друга вооружена група, наречена „Бана Мура“, која ги напаѓа етничките групи Луба и Лулуа, на кои им припаѓаат борците на „Камуина Нсапу“. Се претпоставува дека оваа нова група, за која постои сомнеж дека врши масакри и насилства на етничка основа, е вооружена и поддржана од локални лидери и припадници на армијата и полицијата.
Извештајот на ОН е подготвен врз основа на сведоштва од луѓе кои побегнале во Ангола од насилствата во ДР Конго.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот