Дебрани ја испочитуваа забраната за посета на гробиштата

Дебрани, кои по традиција на задушница масовно ги посетуваа вечните почивалишта на нивните блиски, денеска не го направија тоа.
Тие целосно ја испочитуваа забраната за посета на гробиштата, но и советите од здравствените власти и надлежните институции да нема собири во и пред црквите.
-Ние православните постојани жители на Дебар сме малку по број, но за оваа задушница најмасовно беа посетувани гробиштата, бидејќи доаѓаат дебрани и од другите градови каде што сега живеат, Скопје, Битола, Охрид, Струга. Жал ни е што ете не можеме да ги посетиме, но имајќи ја во предвид опасноста од вирусот, ги почитувавме препораките на надлежните, ни рече Јованка Гиговска.
Со дел од дебрани со кои телефонски разговаравме ни рекоа дека многу малку од нив во четвртокот и вчера биле само да запалат свеќа.
Порано, кога тука живееле многу православни, обичај било рано наутро на Духовден, да се посетат гробиштата и да се стави ореово гранче. Но, во последната деценија ореовото гранче на гробовите се става во саботата, ден пред Духовден.
На влезната врата на градските гробишта Црковниот одбор има поставено и напишано соопштение со совети и препораки до верниците како треба да се однесуваат при посетата на горбиштата и задолжителните заштитни мерки што треба да ги почитуваат.
Во Дебар по 50-есет дена вчера беше регистриран нов случај со Ковид-19, со што повторно се врати чувството на страв кај жителите од оваа општина, која беше прво жериште на болеста. Инаку, вкупната бројка на заразени изнесува 52 лица, од нив 47 се излекувани додека четворица починаа.
Ново на Сител
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
-

Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела и организации
-

Калас: ЕУ мора да ги преиспита односите со партнерите кои ги поддржуваат Русија и Иран
-

Лафчиски утре на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Сопственикот на Кливленд платил 20 автобуси за превоз на навивачите на седмиот натпревар против Детроит
-

Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања
-

Потпретседателот на Собранието на Црна Гора Никола Цамај во посета на македонскиот Парламент
