Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка

Полициски службеници, синоќа, во 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар го лишиле од слобода А.Л. (29) од Дебар кој возел во алкохолизирана состојба, предизвикал сообраќајка и нападнал полицајци.
Полициските службеници утврдиле дека А.Л. немал положено возачки испит, а по извршено алкотестирање кај него констатирале 2,75 промили алкохол во крвта и го исклучиле од сообраќај.
- А.Л. на улицата „Амди Леши“ во Дебар, управувајќи моторно возило „фолксваген поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода со оштетување на друг патнички автомобил и избегал а потоа, физички ги нападнал полициските службеници кои, по преземени мерки, го сопреле возилото информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи - Охрид, Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител возилото е одземено и по целосно документирање на настанот против А.Л. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
