Дебитантот Исник Алими дополнително повикан за дуелите со Италија и Малта
Фудбалерот од средниот ред на романски Сепси, Исник Алими, дополнително е повикан во таборот на македонската фудбалска репрезентација и ќе биде во комбинација за настап на претстојните два евроквалификациски натпревари против Италија и Малта.
Поранешниот фудбалер на италијанските Аталанта, Виченца, хрватски Шибеник и азербејџански Габала, како што е соопштено, вечерва во Скопје ќе го одржи првиот тренинг со репрезентативните колеги.
- Алими е стандарден фудбалер на романскиот Сепси и со одличните настапи за својот клуб се наметна како профил на играч кој може да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред на македонскиот состав, објави Фудбалската федерација на Македонија.
Во минатото, Алими настапуваше на официјални квалификациски турнири за македонските младински селекции до 17 и 19 години.
- Алими бележи одлични игри во романското првенство со Сепси. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет, изјави селекторот Благоја Милевски.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
