Фудбал
15. November 2020 - 11:23

Деби-гол за Кулушевски

Репрезентацијата на Шведска вечерва со 2-1 славеше против Хрватска во рамки на Лига А во Лигата на нации на УЕФА. Дебитански погодок на овој меч имаше шведскиот фудбалер со македонски корени, Дејан Кулушевски. Тој ги „начна“ Хрватите уште во 36 минута, а во последните моменти од првиот дел Даниелсон прецизно стрелаше за 2-0 за „викинзите“.Избраниците на селекторот Далиќ одиграа слаб меч. Почесниот погодок за Хрватска всушност беше автогол на стрелецот на вториот гол за Шведска – Даниелсон.