Дебата за стратешките приоритети во одбраната и безбедноста по членството во НАТО
Научно-стручна расправа на тема „Стратешките приоритети во безбедноста и одбраната – Република Северна Македонија по членството во НАТО“ ќе се одржи денеска на Факултетот за безбедност во Скопје. Конференцијата се организира во соработка со Кабинетот на претседателот на државата.
Организаторите најавуваат дека конференцијата ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски, а ќе се обрати и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.
Повод за одржување на дебатата е разгледувањето на Предлог стратегијата за одбрана, а се очекува фокусот на дискусиите да биде ставен на стратешките приоритети во безбедноста и одбраната по заокрушувањето на полноправното членство на земјата во НАТО и новите безбедносни предизвици и обврски кои ќе произлезат од целосната евроатланска интеграција.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати