Дебата за предизвиците во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)
Националната конвенција за Европската Унија во Македонија денеска на платформата Зум, ќе биде домаќин на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), која ќе ја одржи деветтата сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“, во организација на Европското движење.
На темата воведни обраќања, како што најави Европското движење, ќе имаат заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Во дебатата ќе бидат вклучени претставници на земјоделски здруженија и асоцијации на фармери, универзитетски професори, како и експерти за евалуација на програми за развој на руралната средина од нашата држава и од Словачка.
Проектот Национална конвенција за Европската Унија во Македонија е платформа за вклучување на граѓанскиот сектор во дебати за теми поврзани со процесот на европската интеграција, со цел да се подготват сите капацитети на државата за претстојниот процес на преговори со ЕУ. Проектот е финансиран од УСАИД и Словачката агенција за развој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес