Дебата „Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“

Јавна дебата „Пред законот Ромите се исти, во здравствената пракса се дискриминирани“ ќе се одржи денеска во Јавна соба во Скопје, во организација на Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа.
Говорници на дебатата, како што е најавено, ќе бидат доктор Владимир Трајковски, правната советничка од Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија Јована Јовановска Кануркова, офицерката за здравје и храна во канцеларијата на УНИЦЕФ Данче Гудева Никовска и ромски здравствен медијатор и претседател на организацијата Umbrella од Шуто Оризари Љатифе Шиковска.
Настанот е дел од активностите на проектот „Менување на наративите кон Ромите во здравствените институции“, финансиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
