Дебата: Kаква ќе биде иднината на медиумите во Македонија?
Македонскиот институт за медиуми ги детектираше најголемите предизвици со кои се соочуваат медиумите во државата. Каква ќе биде иднината на медиумите, а каква на демократијата – беше тема на денешната дебата. Македонија за првпат ќе добие Стратегија и Акциски план за развој на медиумите.
Младите сакаат инстант вести од 20 секунди, политичарите пренесуваат информации како „ѕвезди“, технлошка неписменост кај медиумските работници, егзистенцијален крах на новинарите. Ова се дел од главните предизвици со кои се соочуваат македонските медиуми.
Македонскиот институт за медиуми објави Истражување за иднината на медиумите во Македонија.
Социјалните мрежи ја променија играта. Тоа е и главен предизвик за мејнстрим медиумите.
- Особено мејнстрим медиумите веќе не можат да се потпираат и да ја сметаат како основна улогата на информирање. Бидејќи приматот тука го преземаа социјалните мрежи и онлајн медиумтие во смисла на брзината на информирање.
Основната функција на медиумите, практично, треба да се редефинира и медиумите треба да стават фокус првично на едукација, вели Весна Никодиноска, автор на истражувањето.
Македонија со помош на ЕУ за првпат ќе добие Стратегија и Акциски план за развој на медиумите. Дополнитено, државата ќе работи на усогласување на дигиталната и медиумската правна рамка.
- Во рамките на овој проект ќе следи усогласување на Законот за дигитални услуги, Законот за дигитални пазари, Законот за Вештачка интелигенција и Законот за слобода на медиумите. Ова претставува трансформативен процес кој ќе отвори нова ера во дигиталниот и медиумскиот простор, со повисоки стандарди на транспарентност, безбедност, отчетност и конкуренција, вели заменик министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасијевиќ Верџиски.
Освен усогласување со легислативата, ЕУ ќе вложува и во реформи во медиумскиот сектор.
- Оваа Стратегија не треба да одговори само на денешните предизвици, туку, на еден начин да ја предвиди иднината. Со тоа да ја зачува независноста на медиумите, професионализмот, да го зајакне статусот и безбедноста на новинарите, промовира плурализам, да се спротивстави на дезинформациите, вели Марија Канелопулу од Делегацијата на ЕУ.
На дебатата говореа и уредници и новинари од неколку поголеми медиуми од државата. Речиси без исклучок сите се сложни дека за квалитетна новинарска содржина потребни се финансиски средства, а ќе мора да се најде и начин за да се привлечат младите да учат новинарство, со оглед на тоа што во изминатите години упишаните студенти се бројат на прсти.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
