Дебата „Борба, не кафана“ за суштината на празнувањето на 8 Март

Во Скопје денеска ќе се одржи предосмомартовска панел дискусија „Борба, не кафана“ на која ќе се дебатира за суштината на празнувањето на 8 Март.
– Темата е посветена на потребата од борба, а не на пригодно одбележување на Денот на правата на жените, во општество каде и покрај развојот и свеста на луѓето, жените, за жал, се уште се соочуваат со сериозни и реални проблеми коишто се многу поголеми од тоа во која кафана ќе се прослави Денот на жената или колку пари ќе се дадат за подарок за наставничката, велат од Центарот за слобода Цивил кои се организатори на настанот.
Најавено е обраќање на претседателката на Националниот совет за родова рамноправност Савка Тодоровска, на активистките Даниела Мирчевска и Мерита Максути, како и на Дијана Тахири и Маја Ивановска од ЦИВИЛ.
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
