Дебарските комуналци бараат граѓаните да не создаваат диви депонии

Јавното комунално претпријатие „Стандрад“, кое, освен за водоснабдувањето, се грижи и за хигиената во градот, почна со акција за чистење на дивите депонии.
- Јавна тајна е, депониите ги има насекаде, што секако даваат грда слика за градот и за нас како претпријатие, иако ние немаме никаков удел во нивното создавање. Нив ги создаваат несовесни граѓани, кои отпад фрлаат каде ќе стигнат, па дури и при празни контејнери отпадот го фрлаат околу нив, а не во нив, вели Омер Цами, раководител за секторот за комунална хигиена.
Дури, додава тој, дел од граѓаните, кои вршат одредени санации и реконструкции во своите домови, градежниот отпад го фрлаат во контејнери од каде нашите возила не може да ги подигнуваат бидејќи тоа ги оштетува истите, поради што мораме да превземаме други мерки, кои бараат и дополнителни средства.
- Апелирам до сите граѓани и институции, да бидат посовесни зашто тоа е во прилог на заштитата на животната средина, но, секако и ликот на градот, кој некогаш бил познат по чистата градска средина, посочува Цами.
Тој напоменува дека освен оваа активност, вработените секојдневно го подигаат отпадот од опредените места за тоа.
Освен во градот,ништо подобра сликата не е и во селските населени места. Диви допонии има и покрај коловозите на патните правци кон Струга и Маврово, во близина на селата Џепиште, Отишани, Рајчица и дрги села.
Ново на Сител
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
