Македонија
7. February 2017 - 9:07

Дебар ќе добие нов современ градски пазар

Во низата проекти кои ги реализира локалната власт во Дебар со цел подобрување на условите за живот и унапредување на урбаната средина е и изградбата на новиот градски пазар.

Според раководителот на секторот на урбанизам при општина Дебар Петрит Пачуку, реализацијата на овој проект е во завршна фаза.

- Со реализацијата на овој проект  Дебар ќе добие современ, покриен градски пазар, кој ќе биде според сите европски стандарди. Работите се во завршна фаза и многу набрзо се очекува пазарот, кој ќе располага со корисна површина од 4.500 квадратни метри да биде ставен во служба на граѓаните, вели Пачуку.

Покрај тезгите, пазарот ќе располага и со поголем број деловни простории (дуќани), како и паркинг простор.

Со новиот градски пазар, нагласува Пачуку, ќе стопанисува претпријатие кое ќе биде избрано согласно со законот.