Де Мистура ги повика Русија и САД да соработуваат за активирање на сириските мировни преговори
Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, ги повика Русија и САД да интервенираат од највисоко ниво за да помогнат во заживување на спротивставените сириски мировни преговори, пренесоа американските медиуми.
Де Мистура за ова зборуваше на брифинг со новинарите откако преку видео конференциска врска го запозна Советот за безбедност на ОН со развојот на преговорите. Тој изрази надеж дека разговорите ќе бидат обновени во мај, но јасно порача дека пред тоа ќе инсистира на ограничување на борбите во земјата.
Емисарот на Он го информира Советот за безбедност по завршувањето на третиот круг од преговорите за оваа година. Сириската опозиција минатата недела и официјално го откажа своето учество во индиректните преговори со Владата на претседателот Башар ал-Асад, протестирајќи против нарушувањата на примирјето од страна на Владата, намалувањето на хуманитарните испораки и немањето напредок во ослободувањето на затвореници во Сирија.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен