Де Лихт: Имаме уште многу работа во Лигата на Шампионите

Сериозна самодоверба демонстрира дефанзивецот на Ајакс, Матеис де Лихт по победата со 4:1 над Реал Мадрид во осминафиналниот реванш дуел од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.
Со вкупен резултат 5:3, напред продолжува холандскиот гигант, додека победникот во последните три изданија на турнирот беше елиминиран.
„Знаевме дека овој успех е можен. Го постигнавме она за што бевме дојдени. Сите си велевме, дека ако ја играме нашата игра, ќе создадеме несомнено многу проблеми на Реал. Она што го покажавме беше најдоброто од Ајакс. Брилијантна тимска презентација. Сите си ја дадовме потребната поддршка. Му создадовме проблеми на Баерн, а сега го отстрануваме и носителот на трофејот – којзнае каде може да стигнеме. Мислам дека уште не сме завршиле во Лигата на Шампионите, прокоментира играчот веднаш по мечот.
Ново на Сител
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
-

Утре прва официјална средба Муцунски-Чамова
-

Европските пари ги судрија математиките на власта и опозицијата
