Балкан
10. September 2015 - 12:33

Давутоглу: Турски ловци бомбардираа позиции на ПКК во северен Ирак

Турски авиони-ловци продолжуваат да бомбардираат позиции на курдските борци во северен Ирак вчера и денеска, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу. 

Во воздушните напади се постигнати мошне ефективни резултати, посочи премиерот.

Турската армија ги интензивираше воздушните напади врз позиции на Курдската работничка партија (ПКК), откако борците од групацијата во неделата убија 16 турски војници, најсмртоносен напад на ПКК од прекинот на примирјето во јули.