Давутоглу: Турција ќе одговори соодветно доколку Русија продолжи да се однесува како терористичка организација
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ја обвини Русија дека се однесува како „терористичка организација“ во Сирија, заканувајќи се со „исклучително решителна турска соодветна реакција“.
- Ако Русија продолжи да се однесува како терористичка организација, принудувајќи го цивилното население да си заминува, тогаш ние ќе одговориме со исклучително решителна соодветна реакција, изјави Давутоглу на прес-конференција во Киев.
Тој истакна дека Турција нема никакви воени единици во Сирија.
- Тврдам дека во Сирија нема никакви турски војници. Ние никогаш не сме претатвувале закана за територијалниот интегритет на Сирија, нагласи турскиот премиер.
Давутоглу денеска изјави дека руска балистичка ракета го погодила училиштето и болницата во сирискиот град Азиз, при што загинале најмалку 14 цивили.
Тој додаде дека Русија и курдската милиција „Сили за заштита на народот“ го затворилое хуманитарниот коридор северно од сирискиот град Алепо, а целта на Москва е да и остави на меѓународната заедница само две опции во Сирија, тоа се претседателот Башар ал Асад или Исламска држава.
Ново на Сител
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите