Дастин Хофман обвинет за сексуално злоставување малолетничка
Актерот Дастин Хофман досега е обвинет од три жени за сексуално злоставување. Имено, по неговата колешка Мелиса Кестер и жената која сакаше да остане анонимна, и тврдеше дека Хофман ја нападнал во воз, со слично тврдење се јави и поранешна соученичка на неговата ќерка Карина.
Кори Томас во 1980 година имала 16 години, кога Хофман ги поканил неа и ќерка му на прошетка низ Менхетн. По сплет на околности, Кори останала сама со него во хотелска соба и кусо потоа, тој влегол во бањата и излегол со крпа околу него.
- Одеднаш ја тргна крпата. Тој стоеше гол, а јас за малку ќе се онесвестев. Тоа беше првпат да видам гол маж. Не знаев што да правам. А, тој „ја исцеди“ ситуацијата. Го искористи времето... Ме замоли да му ги измасирам нозете, и јас, незнаејќи дали смеам да одбијам, прифатив, раскажува сега веќе возрасната Томас.
Ѕвонењето на телефонот ја спасило тинејџерката од натамошни непријатности. Нејзината мајка била пред хотелот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
