Дански пратеник побара да се пука на чамците со мигранти

Безбедносните сили би требало да пукаат на чамците со мигранти кои се обидуваат нелегално да влезат во Европската унија, изјави денеска данскиот пратеник и припадник на Данската народна партија Кенет Берт.
- Единствен ефикасен начин е да ги свртите чамците и да кажете: Не можете да пловите во рамките на оваа национална граница, а доколку тоа го сторите, ќе биде пукано на вас или ќе бидете испратени назад, изјави Берт за телевизијата ДК4.
Тој подоцна ја ублажи својата изјава во статусот на Фејсбук, каде наведе дека не мислел оти треба да се пука на луѓето, туку бродовите на НАТО да можат да стрелаат во воздух во знак на предупредување.
Портпаролот на Данската народна партија Сорен Сондергард рече дека ваквите изјави не се официјален став на партијата.
Ново на Сител
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
