Свет
12. May 2022 - 10:37

Данска екпресно ја поздрави одлуката на Финска за членство во НАТО

Данска денеска ја поздрави веста на финското раководство за брз прием на земјата во НАТО, јави ДПА.

„Данска, се разбира, топло ќе ја пречека Финска во НАТО“, пишува во изјава на премиерката Мете Фредериксен на Твитер.

Таа додаде дека со пристапувањето на Финска, ќе се зајакне НАТО и заедничката безбедност. Се додава и оти Данска ќе направи се што може за да се обезбеди брз процес на прием, откако ќе биде поднесена формалната апликација за членство.