Данка се уште била жива кога ја удриле со кола, еден од убијците ја задавил?!
Според првичните информации во истрагата двегодишната Данка Илиќ (2) била се уште жива откако двајцата работници ја удриле со автомобил.
Нејзиното тело се уште не е пронајдено, а полицијата е на депонијата каде девојката ја удрил автомобил. Како што се наведува еден од осомничените излегол од автомобилот по несреќата и со голи раце го удавил детето, пишува „Информер“.
Точната причина за смртта ќе се знае по обдукцијата.
Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги уапсиле С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека ја убиле Данка Илиќ, се вели во соопштението на МВР.
Како што дознава „Блиц“, полицијата проверувала браници и изглед на автомобили во Бор и околината. Откако биле пронајдени траги од крв на автомобилот, работниците биле приведени.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
-

Беровскиот компир скапува во подрумите, земјоделците најавуваат протести
-

Мис Стон добива спомен соба во Василево, а патеката по која се движела ќе привлекува туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
