Кошарка
24. August 2015 - 15:37

Даниловиќ: Вујошевиќ ги мина сите граници?!

Претседателот на КК Партизан, Предраг Даниловиќ поднесе оставка на функцијата и објави дека долгот на црно-белите изнесува 5 милиони евра. Тоа се пари што се должат на банките и на играчите. 

Даниловиќ најави дека е оптимист за иднината на клубот и посака на неговото место да дојде човек кој го сака Партизан и кој може да му помогне. 
За тренерот Душко Вујошевиќ изјави дека му бил како втор татко но дека ги минал сите граници и се занимавал со работи кои не се во негов домен.