Македонија
19. January 2023 - 11:06

Даниел Змејковски го фати осветениот крст за Водици во Брвеница

Дваест и двегодишниот Даниел Змејковски го фати осветениот крст на денешното традиционално празнување на Богојавление Водици во црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница.

-Старешината на храмот протојереј Ивица Спасеновски ја отслужи празничната литургија, по што беше извршен водосвет и спуштање на крстот во базенот во црковниот двор, информираа од црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј Александриски“ во Брвеница.

По светиот крст во базенот скокнаа вкупно седум учесници.