Даниел Лорер: Бугарски национален интерес е Република Македонија да влезе во ЕУ
Бугарски национален интерес е Република Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пат на кој следен чекор е почеток на преговори со Скопје. Отворањето на преговорите со Република Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија, изјави бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер нагласил дека бугарски национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи.
Бугарскиот министер за иновации посочи дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.
– Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да се почуствува секоја од двете страни далеку посигурна во тој дијалог, нагласи Лорер.
Тој, за изјавата на Слави Трифонов, Бугарија да и дозволи влез на Македонија во Европска Унија, ако Соединетите Американски Држави ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната, рече дека мислењето на Трифонов е интересно, бидејќи на тој начин тој поврзува еден билатерален спор со Европската Унија и САД.
Ново на Сител
-
ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“
-
Пожар избувна во куќа зад Универзална
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи