Данев: СДС да каже како нејзини функционери се стекнале со имот во време на наводен режим
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара функционерите на СДСМ да одговорат како се стекнале со толкав имот во време на, како што велат, наводен режим.
- Скандалозно е како министрите од СДС во време на наводен режим се збогатиле со милионски капитал и за многу кус период станаа газди на огромни богатства, станаа милионери, стекнувајќи се со луксузни станови, куќи, хациенди на море и луксузни возила под услови на наводен режим и диктатура, изјави Драган Данев.
Тој рече дека граѓаните очекуваат одговори како Роберт Поповски се стекнал со имот од три стана, куќа со над 400 квадрати двор и уметнички слики од над еден милион и 200 илјади денари, како Никола Димитров стекнал имот од околу половина милион евра и стан од над 300.000 евра во Хаг, како Кочо Анѓушев поседува капитал од над 28 милиони евра и Зоран Заев заработил 6 до 7 милиони евра.
- Лажната скромност и лажната транспарентност излезе на виделина. Граѓаните ја очекуваат транспарентноста од функционерите на СДС која тие ја ветуваа и очекуваат одговор на прашањата како се стекнале со толкав имот во време на наводен режим, рече Данев.
Ново на Сител
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом
-
Власта и опозицијата со обвинувања за пожарите
-
Вековна традиција оживеана со нови младенци
-
Се отвори завесата на фестивалот Охридско лето
-
Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација