Дали знаете зошто Ајнштајн на оваа славна фотографија го исплазил јазикот?
Можеби сте помислиле дека станува збор за една од бројните монтажи кои кружат на интернет, но оваа фотографија од славниот физичар Алберт Ајнштајн е потполно автентична.
Сигурно веќе сте ја виделе оваа фотографија со славниот физичар Алберт Ајнштајн во необична поза и со исплазен јазик. Можеби сте помислиле дека станува збор за една од бројните монтажи кои кружат низ интернетот и добиваат разни пригодни текстови и приказни, но вистината е потполно поинаква.
Што се случило и во која ситуација овој генијален научник се опуштил на овој начин?
Вистинската приказна е дека за 72 роденден на Ајнштајн неговите пријатели и колеги му припремиле голема прослава на 14 март 1951 година, а на истата присуствувале бројни гости и фоторепортери.
При крајот на прославата Ајнштајн бил прилично изморен. Но, ја објавил должноста и ревносно позирал за фоторепортерите.
На крајот еден од неговите пријатели се понудил да го пренесе до дома. И токму кога Ајнштајн влегувал во автомобилот, еден од репортерите му довикнал: Еј, ќе може ли уште една фотографија?
Фотографот Арт Сасе, кој го фотографирал, тврди дека Ајнштајн после тоа се свртел и го исплазил јазикот.
Фотографијата му се допаднала и на самиот физичар, кој од фотографот нарачал дури десет примероци, од кои некои ги искористил за испраќање честитки.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта