-->
-->
Дали вчерашната средба со Димитриевски ќе го стави државниот врв во изолација?
-->

Османи за Сител вели дека ќе остане изолиран до вторник по што ќе направи тестирање.
„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно. Бидете здрави!“ – вели Османи за Сител.
Покрај Османи, средба со Димитриевски вчера имаше и премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче.
Од кабинетот на Спасовски за Сител велат дека се правеле анализи и консултации со епидемиолозите а кога ќе биде направена проценката и донесена одлуката јавноста ќе биде информирана.
Спасовски, Филипче и Османи денеска требаше да седат на заедничка маса заедно со Претседателот Пендаровски.
Се уште нема информација, дали покрај Османи, во изолација ќе одат и премиерот и министерот за здравство.
Претходно, по интервју со новинар заразен со Ковид19 во изолација заминаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Заев.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
-
Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево
-
Кривична пријава за директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна