Дали навистина имате сини очи?
Иако сините и зелените очи инспирирале многу поети и пејачи, се открива дека тие се речиси оптичка илузија.

Бојата на очите зависи од меланинот, пигмент во нашето тело. Колку повеќе го има, очите се потемни, додека помалку меланин ги прави очите посветли. Токму поради тоа многу бебиња се раѓаат со сини очи, кои полека попримаат вистинска нијанса, додека кај нив полека се формираат меланоцити.
„Секој има меланин во очите и всушност тоа е единствен пигмент кој им дава боја” – објаснува за Си-Ен-Ен др. Гери Хајтлинг.
Нивото на меланин исто така ја одредува бојата на нашата кожа и коса.
Колку повеќе меланин има во нашите очи, толку повеќе тој апсорбира светлина, а помалку ја рефлектира, поради што окото делува потемно.
Сината рефлектира повеќе светлина на пократките бранови должини на видливиот спектар на бои. Меѓутоа, ако мислите дека ви се привидува бидејќи сините очи на вашето сакано лице изгледаат златно или дури и кафено при изгрејсонце, треба да знаете дека бојата на окото навистина се менува во зависност од осветлувањето.
Научниците сметаат дека мигрирањето на нашите предци во области на поладна клима, довело до појава на посветли очи, бидејќи меланинот повеќе не бил толку потребен за заштита од ултравиолетовото сончево зрачење.
Според други теории, генетската мутација кај некои наши предци „го исклучила” производството на меланин и довела до појава на сини очи.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
