Дакота Фeнинг ќе снима ТВ серија
Дакота Фенинг (22), која како дете актер брилираше покрај Роберт де Ниро во „Криенка“, покрај Том Круз во „Војна на световите“ и во редица други филмски хитови, потпиша за првата своја главна улога во телевизиска серија.
Се работи за ТВ адаптација на криминалистичкиот роман „The Alienist" на Калеб Кар. Во главните улоги ќе се појават и Лук Еванс и Даниел Брул.
Дејствието на сагата се одвива во Њујорк во 1896 - време на индустриската револуција и на продлабочување на разликите меѓу богатите и сиромашните. По убиствата на неколку машки проститутки, комесарот Теодор Рузвелт (подоцнежен претседател на САД), го најмува криминалистичкиот психолог, доктор Ласло Крајцлер (Брул) и репортерот Џон Мур (Еванс), да спроведат затворена истрага. Фенинг ќе ја одигра секретарката Сара Хауард од тимот на Рузвелт, којашто има амбиции да стане првата жена детектив во „Големото Јаболко“.
Буџетот на серијата ќе изнесува пет милиони долари од епизода. Снимањето ќе започне наскоро во Будимпешта.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска