Балкан
28. February 2017 - 13:36

Дачиќ: Сакаме да ги решиме несогласувањата со Хрватска

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Србија сака да ги реши несогласувањата со Хрватска на „мирен, политички и дипломатски начин“, онака како што тоа Белград го прави со Приштина и Сараево, но од официјален Загреб истовремено се бара да се дистанцира од „појавата на рехабилитација на усташката идеологија и НДХ“.

- Наместо да се дистанцираат од такви појави како што неодамна им предложив, во Хрватска мојата критика ја нарекоа безобразлук, иако застапував вредности кои се поврзуваат со Европската унија, рече Дачиќ во интервју за љубљански „Дневник“. 

Дачиќ нагласи дека на престојните избори за претседател на Србија очекува победа на актуелниот премиер Александар Вучиќ.