Дачиќ: Лицемерен потегот на ФИФА за покренување дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска го оцени како лицемерен потегот со кој Светската фудбалска организација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија, откако во нејзината соблекувална на натпреварот со Бразил на Светското првенство во Катар, наводно било закачено знамето на која е прикажана територијата на Косово, со порака „Нема предавање“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Замислете ако Украина каже -Крим е Украина, нема предавање. Дали некој би ја казнил и би ја избркал Украина?, праша Дачиќ во гостувањето на телевизијата Прва и додаде дека како држава Србија не можеме да реагира, бидејќи е спортска организација.
Тој изјави дека ова само зборува за лицемерието и праша што е навредливо во пораката „Нема предавање“?
-Што е навредливо кога некој вели дека нема предавање? Па што да кажат, дека ќе се предадат? Второ, тие зборуваат за фудбал и „не се предаваат“ се однесува на фудбалските натпревари. Загубивме од Бразил и се очекуваше да загубиме, но сега имаме решавачки натпревари со Камерун и Швајцарија, изјави Дачиќ.
Тој потсети дека „ОН не го признале Косово, и да Србија е меѓународно призната земја и членка на ОН, со Косово и Метохија како нејзин дел“.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот