Дачиќ ги распиша и претседателските избори во Србија
Претседателот на Собранието на Србија во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, денес ги распиша претседателските избори за 3 април, истиот ден кога ќе се одржат и вонредните парламентарни и локалните избори, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Домот на народното собрание Дачиќ изјави дека во согласност со Уставот распишал редовни претседателски избори за 3 април, 90 дена пред истекот на мандатот на претседателот на Републиката.
-Одлуката стапува во сила со објавување во Службен весник, што значи дека веднаш ќе започнат изборните активности. Ќе потсетам дека партиите и другите предлагачи имаат право да ги предложат своите кандидати до 12 март на полноќ, а тоа важи и за другите избори, годинава е усогласен рокот за поднесување листи за парламентарни и претседателски избори, кажа Дачиќ.
Мандатот на претседателот на Републиката, на Александар Вучиќ е до крајот на месецот и ќе биде во полн мандат, бидејќи не постои можност за технички мандат, а законите дефинираат дека само Владата е во технички мандат, порача Дачиќ.
Ново на Сител
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
