Да немаше луѓе, во Европа би живееле слонови и носорози
Во светот без луѓе, поголем дел од Европа би бил дом на животни и тоа не само на волци и мечки, туку и на големи животни како што се носорози и слонови. Денес на светот не постојат многу големи цицачи, барем не во толкав број како порано, бидејќи еден вид на цицачи влијаеле на нивниот опстанок – луѓето. Сега тим на истражувачи од Данска одлучиле да направат карта и да покажат како би изгледал светот, ако нема луѓе.
Според нивните проценки, Земјата би изгледала како Серенгети, големо подрачје во Танзанија во кое има голем број на разни животински видови.
Во светот без луѓе голем дел од Европа би бил дом на многу животни и тоа не само на волци и мечки, туку и на големи животни како што се носорози и слонови. Северна и Јужна Америка би биле населени со големи цицачи, повеќе од што се населени делови на Африка.
Во претходна студија од универзитетот во Архус, научниците заклучиле дека до изумирање на големите цицачи во текот на последното ледено доба дошло поради ширење на модерниот човек на поголеми пространства. Денес Африка е единствен дом за овие животи. Но, поради ловот кој не е дозволен и таму се загрозени. Многу видови од големите цицачи кои живеат во Европа и Америка морале да се повлечат во планинските делови. Криволовот и ловот многу видови довеле на раб на изумирање, а многу видови се неповратно изгубени.
Ново на Сител
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид