Д-р Стевановиќ: 50 проценти од пациентите кои починале од КОВИД-19 се донесени на лекување предоцна
Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ одговарајќи на новинарско прашање за смртноста од Ковид-19, на денешната прес-конференција изјави дека 50 проценти од пациентите кои починале од КОВИД-19 по хоспитализација на Клиниката, биле донесени на лекување предоцна и дека исходот можеби би бил поинаков доколку пациентите се консултирале со матичниот лекар кој би ја следел нивната состојба.
„Од вкупниот број од над 470 хоспитализирани и лекувани на клиниката, имаме 90 пациенти кои се со смртен исход. Најголем дел од пациентите се донесени по 10-15 дена самолекување дома, без никаква претходна консултација со лекар. Барем 50% од пациентите кои се лекувани кај нас и завршиле со несакан исход, кај нас се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил различен ако пациентите барем го консултирале својот матичен лекар да ја следи нивната состојба и евентуално влошување“, рече Стевановиќ.
Таа исто така укажа дека на клиниката веќе имаат голем број на починати пациенти од КОВИД-19 кои не се многу возрасни, т.е. се на средна возраст и кои не пријавиле хронични болести.
„Возраста и хроничните болести го носат цехот со себе и ризикот од сериозно тешка манифестација на КОВИД-19, како и зголемен ризик од смртен исход. Но, имаме и сериозен број на пациенти кои не се многу возрасни, на средна возраст, кои не пријавуваат хронични болести, но текот, развојот и компликациите на болеста го донеле најнепосакуваниот исход“, рече Стевановиќ.
Инаку, според последната анализа на Институтот за јавно здравје на смртноста од 15 јуни, кога во земјата беа регистрирани 193 смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 33,9/100.000 жители. Регистрирани се 123 смртни случаи кај лица од машки и 70 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 148 (76,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица