Д-р Николиќ: Да се направат итни законски измени за да може ПЗУ да вршат трансплантација на срце
Неопходно е итно да се направат измени во Законот за трансплантација, за да може на приватни здравствени установи да им се дозволи да вршат трансплантација на срце и да се најде донор за пациентот на кого пред една година првпат во државава му беше вградено вештачко срце. Станува збор на 47-годишниот Горан Спиров од Штип, кој се чувствува добро и прави редовни контроли со желба да добие човечко срце кое ќе му биде трансплантирано.
Ова денеска го истакна проф. д-р Александар Николиќ, шеф на Одделот за кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, кој ја изврши оваа операција.
– Се надевам дека ќе има можност што побрзо да се изврши таа трансплантација. Ние сме технички и кадровски подготвени, единствено законите не спречуваат во тоа. Единствено во Македонија и во БиХ не се врши трансплантација на срце, рече д-р Николиќ.
Тој додаде дека по првото вградување вештачко срце во Клиниката се извршени и други интервенции.
Спиров рече дека дека за него е најважно што живее, но дека тешко му е поради тоа што апаратот кој е вештачко срце и е поврзан со цевки до неговите гради, и кој е сместен во ранец, мора да го носи, а тежи седум килограми. Тој изрази надеж дека ќе биде најдено срце што ќе му биде трансплантирано.
Вештачкото срце ги заменува сите функции на здраво срце и тоа им дава можност на пациентите да продолжат да живеат додека да се најде донор за трансплантација
Ново на Сител
-
Во март 79 отсто од потрошената струја од домашни извори
-
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието
-
Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието
-
Земјотрес регистриран во Скопје
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени