Д-р Мехмедовиќ: Од Омикрон може сериозно да се разболите и да починете

Д-р Злате Мехмедовиќ, утринава во своето гостување во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија изјави дека Омикронот е сој од коронавирусот, од кој човек може сериозно да заболе, но докторот предупреди дека е и болест од која може човек да почине.
-Омикрон варијантата е поблага од делтата и тоа се докажа низ процесот на хоспитализација. Има помал број на пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, но треба да се внимава на бројот на новозаразени, високиот број може да се преведе на хоспитализација, гледаме дека се уште имаме двоцифрен број на починати пред некој ден имавме 24 починати не се сите од омикрон веројатно дел од нив отпаѓаат и на делтата меѓутоа омикронот е се уште болест од која сериозно може да се разболите и од која може да починете и треба да внимаваме како се однесуваме, вели Мехмедовиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
