Д-р Игор Бимбилоски нов член на Извршниот одбор на СДСМ
На последната седница на Централниот одбор за член на Извршниот одбор беше избран Д-р. Инж. Игор Бимбилоски од Охрид.
Бимбилоски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, успешен и докажан менаџер во приватниот информатички и телекомуникациски сектор.
Игор Бимбилоски е актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија. Претходно Билбилоски извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија. Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година.
Со изборот на Бимбилоски, се комплетираше составот на Извршниот одбор на СДСМ каде целосно е запазена родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
