Д-р Докиќ: Сепак главен фактор е имуниот систем кај лицата кои се заразуваат
Во вечерашното гостување во Дневникот на Сител, директорот на пулмологија, д-р. Дејан Докиќ објави зошто кај нас имаме толку голема смртност поради тешки компликации со Ковид-19 и зошто вчерашниот ден беше најлош од почетокот на пандемијата, ако ги земеме во предвид починатите лица.
Сите знаеме дека доминира мутираниот британски вид, кој е повеќе агресивен и тоа е фактор што се должи на самиот вирус. Тој на пример, кај пациентите што се заразени во поголема количина се наоѓа во секретот кога киваат во околината, а од друга страна потребна е помала количина да дојде кај здрав човек, за да го зарази. Значи тоа се особините, а некои од луѓето имаат поголема способност да го излажат имунолошкиот систем. Исто така фактор е и одбранбениот систем, кој е како една армија што се бори против надворешните непријатели кај секој организам. Како што некаде имате силни армии во земјите, во други држави имате слаби армии и исто е и со организмите. Возраста е исто така отежнувачки фактор, како и коморбидитетите. Овде сакам да потенцирам дека смртноста во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти и тука зборуваме за хоспитални установи. Во европски рамки тоа значи од 22 до 30%, што значи дека сме негде во средина во однос на другите земји. Сепак главен фактор е имуниот систем кај лицата кои се заразуваат“, изјави Докиќ.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
