Македонија
2. October 2017 - 19:24

Д-р Давчева: Во минатото само одредени лекари имаа можност за дообразување во странство

Докторката Оливера Давчева во денешната трибина „Отворено со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека пред ВМРО-ДПМНЕ да го донесе сегашниот Законот за медицинските студии и контиунирано стручно усовршување на докторите на медицина, помошниот медицински персонал немал никаква можност да се дообразува во странство.

Таа посочи дека во минатото само одредени лекари имале можност да се дообразуваат надвор од Македонија, а потоа само тие станувале бренд во македонското здравство.

-Од Министерството имаше апел да одат што повеќе и што повеќе доктори и медицински сестри. По враќањето од едукацијата сите ние имавме обврска да направиме презентации за она што сме го виделе, дали она што сме го виделе е применливо и кај нас и што треба да се направи за да биде применливо, истакна Давчева.

Нагласи дека од нејзиното искуство кое го имала на ваквата доедукација и се прошириле видиците во работата.

-Македонското здравство многу каснеше со многу, многу методи кои што беа и застарени и она што го видовме сите ние таму, во Европа, во околните регионални земји навистина мене лично ме мотивира многу, рече Давчева.

Потенцира дека за оваа мерка, докторите кои се испраќале на едукација не биле одбирани селективно, ниту пак партиски.