ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река

Поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во Општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска Река и Крива Река, без излевање.
Во Општина Новаци нивото на Црна Река изнесува околу 280 сантиметри, а во општина Демир Хисар зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.
- Во Кичево евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка. Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа. ТППЕ врши испумпување на вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители, се наведува во соопштението од ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
