ЦУК: Вкупно 1 666 повици на 112 во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 666 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, во последното деноноќие, од кои „реални“ повици биле 63,63 проценти, а 25,52 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 69,44 проценти од повиците, кон Итната медицинска помош 21,29, а кон пожарникарите 1,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.
-Инаку, имало 618 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно поединечно или комбинирано со повеќе субјекти информирање и координирање, за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението од ЦУК.
Во соопштението се додава дека немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.
Инаку, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово од 13.10 до 13.45 часот со едно противпожарно возлоо и двајца пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре околу и во контејенер покрај ул.„Доне Божинов“ во Куманово.
Македонски железници до ЦУК испратиле известување дека поради последици од поплавите од Маркова Река железничкиот патнички и товарен сообраќај на патниот правец Лисиче – Драчево се уште се одвива заобиколно, односно преку Маџари - Трубарево кон Драчево и обратно.
РЦУК Скопје, информира дека од ЈСП Скопје, известиле дека поради изведување градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 58, 63А , 66, 66А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење
Од фирмата „Мактек Дооел“, известуваат дека утре (28.04.2025) на автопатот „A2“ Кичево-Охрид што е во изградба, „стационажа“ - 14+500 ќе се изврши минирање во времето од 12.00 до 16.00 часот, за потребите на „Гранит“ АД - Кичево.
Истовремено, информираат дека од 28.04.2025 до 02.05.2025, стручниот тим на „Мактек Дооел“, ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Мактек Тропикана“ Доо Скопје –„БЕХТЕЛ И ЕНКА УК 2 ЛИМИТЕД – Обединето Кралство“ на локалитетот: С.Бањица (км 7+200 до 9+721 км), Автопат Коридор 8 и 10, Тетово - Гостивар – Букојчани и Требеништа Струга – Ќафасан.
-Сите итни случаи се пријавуваат на 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи, соопшти ЦУК.
Ново на Сител
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола
-
Земјотрес со јачина од 3.4 степени почувствуван во Охрид и Струга
-
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица