-->
-->
ЦУК: Ставен под контрола пожарот во Шуто Оризари, гореше машина за мелење железо
-->

Пожар денеска изби во депонија во скопската општина Шуто Оризари. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) запалена е машина за мелење железо, но пожарот веќе е ставен под контрола.
- На 112 добиенa e пријава за пожар на запалена машина за мелење железо на улица „1675“ бр. 24, Шуто Оризари. Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенира со две противпожарни возила, соопшти ЦУК.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али вели дека според информација од Регионалнито центар за управување со кризи на град Скопје, добиена во 12:03 часот од градоначалникот на Шуто Оризари, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово ширење, бидејќи плацот е ограден со ѕидови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
