ЦУК ќе го презентира извештајот за спасувањето на настраданиот овчар од Емирица
Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска ќе одржи прес-конференција во 13.30 часот на којашто ќе биде презентиран конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) на ЦУК, во врска со настанот во Општина Kратово за спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување од високопланинското село Емирица.
– Настанот, спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување се случил на 31 март во Општина Кратово од високопланинското село Емирица, за што беше објавено на социјалните медиуми во неделата (4 април), а предизвика голем интерес во јавноста при што паушално имаше прозивање на ЦУК за одредени работи. Тоа беше поттикнато од првично емотивно прикажан настан од поединци и нормално од човечкото сочувство на тие кои ги прочитале првите објави на социјалните медиуми, истакнаа од ЦУК.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци