Македонија
8. November 2023 - 9:54

ЦУК: Изгаснати пет пожари на отворено, најмногу повици до полицијата и Итната медицинска помош

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во последното деноноќие имало пет пожари на отворено, но сите се изгаснати.

Според ЦУК, утрово нема активни пожари на отворено, а во петте вчерашни горела сува трева и ниска вегетација во близина на фирмата „Југокомерц - Кавадарци“, кај селото Могила, кај селото Полето во Општина Делчево, како и во Општина Долнени - кај селото Сенокос и кај месноста „Три Багреми“. 

-Според последниот извештај на Секторот Е-112 во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1 607 повици до изминатото деноноќие. Најмногу повици биле упатени кон Полицијата и Итната медицинска помош, конкретно по 45,71 отсто од повиците за итни случаи. Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. Конкретно, ЦУК координирал интервенции при што, покрај дејствувањето на Полицијата, Итната медицинска помош, пожарникарите и АМСМ, било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од СУК, информира ЦУК.