Македонија
12. December 2022 - 17:46

ЦУК го најде телото на удавениот човек кој вчера скокна од мостот Близнак во водите на р.Вардар

Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација  на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот ,,Близнак" на Бул. ,,Србија" во р. Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.

„Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот. За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации“, велат од ЦУК.