ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
Сите патни правци во Скопскиот регион се проодни освен (планинскиот дел) во општините Чучер Сандево, Бутел, Сопиште, Студеничани и Зелениково, информираат од ЦУК по добиена информација од РЦУК – Скопје за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег на територијата на државата до 11 часот.
Од ЦУК посочуваат дека има заврнато мало количество на снег кој е кашест и се топи. Во скопскиот регион, до сега нема зголемен водостој на реките кои би предизвикале излевање од речните корита.
Од РЦУК – Куманово информираат дека Северисточниот регион - Општина Куманово, Старо Наоричане, Крива Паланка, Кратово, сите магистрални регионални и локални патни правци се проодни, собраќајот се одвива тековно во зимски услови. Врнежи од дожд 5,1 м2 измерени во 08:00 часот, додека врнежите од снег има во повисоките места од 5 до 10 cm.
Од РЦУК – Тетово известуваат дека сите патни правци на Полошкиот регион - Тетово, Гостивар, Теарце, Јагуновце, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Маврово-Ростуше се проодни. Патниот правец Попава Шапка – Тетово, и Гостивар – Стража и Маврово има снег со слаб интензитет. Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и интервенираат доколку е потребно.
Од РЦУК Велес известуваат дека сите патните правци на територија на Вардарскиот регон - Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадараци, Демир Капија се проодни. На овие места врне дожд со слаб интензитет.
Од РЦУК – Штип известуваат дека патните правци на територија на источниот регион - Штип, Берово, Пехчево, Виница, М. Каменица, Делчево, Кочани и Пробиштип, Лозово, Карбинци, Чешениво-Облелешево, Зрновци се проодни. Собраќајот на патиштата се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози и нема појава на поплави и други нарушувања.
Од РЦУК - Битола информираат дека сите патни правци на Битолскиот регион - Општина Битола, Новаци, Могила, Прилеп, Долнени,Кривогаштани.Демир Хисар, Крушево) се проодни.
РЦУК - Струмица соопштува дека сите патни правци на Струмичкиот регион - Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран се проодни. Дождот што има наврнато, засега не претставува опасност од поплави сообраќајот се одвива нормално.
Од РЦУК – Охрид известуваат дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози. Сосема мала количина на снег се забележува на повисоките населени места кој не претставува проблем за редовно одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците
-
Приведени две лица од Кочани, кај нив е пронајдена дрога, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор
-
Приведени двајца германски државјани на ГП Табановце, во нивните возила најдена е дрога
-
По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море
-
Монтгомери: Студентските протести не беа иницирани од странство, тие не се поддржани од странски влади
-
Во Франција најавени 250 собири, се очекуваат меѓу 600.000 и 900.000 демонстранти
-
Македонска делегација во стручна посета на рудникот „Ада Тепе“ во Бугарија - пример за одржливо и еколошки одговорно рударство
-
Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување