ЦУК: Активни три пожари во земјава

Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Активни пожари: Општина Штип - с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод - место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино - воениот полигон Криволак (ниска вегетација), информира ЦУК.
Како што додава ЦУК, под контрола се пожарите - во Општина Крива Паланка – на излез од Крива Паланка (депонија); Општина Делчево – градска депонија (депонија), а изгаснати се пожарите во Општина Новаци - на патот пред РЕК Битола (ниска вегетација); Општина Велес – м.в. Кулата (нискостеблеста поретка шума и сува трева).
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
