ЦУК: Активни два пожара, три под контрола

До 07:00 часот утрово во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор од кои два се активни, а три се под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, изгаснати се 20 пожари.
Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Општина Сарај 2, с. Радуша кон село Дворце каде е зафатена ниска вегетација, Општина Арачиново каде, исто така е зафатена ниска вегетација и во Општина Демир Хисар, село Мало Илино каде пожарот зафати дабова шума.
Изгаснати се пожарите во Општина Кичево, с. Челопеци (нискостеблеста шума), Општина Македонски Брод, с. Крапа (нискостеблеста вегетација), Општина Крива Паланка, с. Нерав, место „Биљино“ (ниска вегетација и шума), Општина Струга, с. Белица (багреми и нискостеблеста вегетација), Општина Тетово, с. Џепчиште (ниска вегетација), Општина Брвеница, с. Милетино (ниска вегетација), Општина Тетово, с. Жеровјане (ниска вегетација), Општина Тетово, кај Железничка станица (ниска вегетација), Општина Гостивар, с. Градец (ниска вегетација), Општина Могила, атар на с. Могила (ниска вегетација), Општина Битола, с. Лажец (депонија), Општина Делчево, с. Вирче (ниска вегетација), Општина Липково, с. Опае (ниска вегетација), Општина Гостивар, с. Симница (ѓубре), Општина Арачиново, Обиколница Клучка Илинден (ниска вегетација), Општина Арачиново, с. Орланци (ниска вегетација и грмушки), Општина Илинден, с. Кадино (ниска вегетација и трска), Општина Сарај, атар на с. Рашче (ниска вегетација и грмушки), Шуто Оризари, ул. Брасјачка Буна (ѓубре) и Шуто Оризари 2. ул. Нов Живот (ѓубре).
МИА
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
