ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:30 часот денеска. Од нив девет се активни, а шест се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, краци кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума) - интервенција не се изведува поради детонации, Општина Прилеп и Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (опш. Прилеп), и Галиште и Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума), Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума), Општина Илинден: помеѓу Мршевци и Бучинци (стрниште) и Општина Чашка: с. Ореше (ниска вегетација и букова шума).
Под контрола се пожарите во Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце – пожарот се шири кон с. Димонце и с. Коњух (опш. Кратово), каде постои закана по куќи и помошни објекти (ниска вегетација), Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева), Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума), Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и Општина Петровец: Катланово – с. Чифлик (ниска вегетација, грмушки и дабова шума).
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
