Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство

Црвениот крст информира дека заклучно со денешниот ден собрани се 102.410.247,00 денари. Досега е извршена исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.
- Во тек е прибирање на податоци за повредените лица хоспитализирани во болниците во државата во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата. По добивање на списоците веднаш ќе се изврши исплата на средства. Се надеваме во почетокот на наредната недела. Веднаш потоа ќе се пристапи кон усогласување на критериумите за исплата на останатите средства на настраданите, велат од македонскиот Црвен крст.
Во континуитет, нагласуваат, Црвениот крст продолжува со испораката на психосоцијална поддршка на настраданото население преку ангажирани над 100 психолози во соработка со Комората на психолози на Македонија.
Во соработка со училиштата се организира секојдневна поддршка за наставници и ученици за справување со настанатата ситуација, како и припадници на противпожарната бригада и припадници на Министерството за внатрешни работи. На барање на универзитетите Црвениот крст организира обуки за прва помош и психолошка прва помош за студентите.
- Заедно со нашите партнери Црвениот крст ќе продолжи да обезбедува поддршка на семејствата на повредените во процесот на нивното враќање на секојдневното живеење преку развивање на различни активности, велат од оваа граѓанска организација.
Во соработка со Министерството за образование и наука и Комората на психолози на Македонија, Црвениот крст во наредниот период ќе имплементира активности за едукација на учениците, наставниот и стручниот кадар за справување со стресни состојби, навремено идентификување и намалување на ранливоста предизвикана од кризни и итни состојби како и ублажување и отстранување на последици кон менталното здравје при кризни и итни состојби.
Ново на Сител
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
-

Во рускиот источен регион Иркутск млада жена почина од куга
-

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
